6 хороскопски знаци на жени кои најчесто се љубовници! - Македонија Денес

6 хороскопски знаци на жени кои најчесто се љубовници!

Опомена!!!

Поради својот став, карактер и животна филозофија, следните хороскопски знаци често се во улога на “втора жена”.

Водолија
Овој знак на животот гледа премногу слободно и неконвенционално. Водолиите веруваат дека “сè е дозволено во љубовта и војната”, со што ја оправдуваат секоја своја морална дилема. Затоа, припадниците на овој знак често нема да можат да ја запрат страста, бидејќи таа сепак ги поттикнува најмногу во животот.

Шкорпија
Шкорпијата сама на себе е најважна. И не, не станува збор за себичност, туку за потребата да си ги задоволи сите свои цели, па дури и ако прекрши некои правила. Како резултат на тоа, поттикнати од желбата за освојување, овој знак лесно може да се вплетка во авантури, и тоа во оние со кои остваруваат врска со зафатен маж.

Овен
Иако Овните многу добро ги резонираат вистинските и погрешните работи, тие често се доведуваат себе си во различни искушенија. Кога пред нив ќе се најде добар “плен”, кој ќе успее да им го разниша животот, тие често ќе се согласат со сè. Нивната себичност и желба за освојување и доминација се рефлектира во фактот што Овенот лесно ќе влезе во забранета врска. Сепак, позицијата на втора жена нема да биде долготрајна, а партнерот наскоро ќе мора да го направи вистинскиот избор.

Стрелец
Жена Стрелец освојува со својата енергичност, оптимизам и слободен дух, и лесно го привлекува вниманието на машкиот пол. Ова неизмерно ги импонира, и поради вродената безобзирност, лесно поттикнати од страста ќе ги отфрлат сите морални правила. Па дури и кога станува збор за оженет човек.

Близнаци
Колку и да се обидуваат тоа да го скријат, Близнаците се многу манипулативни, и честопати за нив се вели дека поседуваат две различни личности. Всушност, станува збор за вродена техника на освојување на сè што посакуваат, поради што лесно можат да скокнат во туѓ кревет. Потребата за авантура им е во крвта и на тоа ќе гледаат како на ново искуство во животот.

Бик
Иако Биковите имаат непогрешливи ставови, поради нивната нагласена романтика и посесивост, тие можат да ја преминат границата и да се впушатат во романса со маж кој е оженет. Но ова важи само кога ќе ги забележат сите потенцијали и квалитети на партнерот, покрај кого можат да си го замислат животот.

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »