5 корисни совети за идните младенци - Македонија Денес

5 корисни совети за идните младенци

Опомена!!!

Ако планирате свадба до крајот на 2018 година, сигурно се подготвувате уште од сега и размислувате за секој детаљ кога ќе го кажете “судбоносното да”.

За да немате поголеми потешкотии и да се насочите кон вистинскиот правец, прочитајте ги овие 5 клучни совети за сите идни младенци или оние кои се надеваат дека ќе бидат следната 2019 година.
Секогаш одберете нешто класично и безвременско, заобиколете ги трендовитеЕлеганцијата и класиката никогаш не излегуваат од мода. Искомбинирајте модерни или vintage елементи во својот изглед, но бирајте повеќе класичен изглед на кој нема да се срамите кога ќе се видите на сликите после неколку години.

Ако сакате да имате вел, немојте да дозволите тој да биде во центарот на вниманието

Иако ништо не е така романтично и безвременско и иако ова е вашата единствена животна прилика да го носите, сепак бидете вие центарот на вниманието а не велот.

Останете верни на себе, немојте да изгледате поинаку да не ве препознаат

Вашата свадба е дел од вас и ја репрезентира вашата љубов. Секако дека на овој ден сакате да се чувствувате како најдобра верзија од себе. Останате верни на својата личност, на својот стил, затоа што ова дефинитивно не е момент кога треба да правите експерименти со својот стил, затоа што фотографиите и сеќавањата ќе ви останат цел живот.

Немојте да се ограничите на венчаница, одберете некое посебно парче

Немојте да чувствувате дека морате целата своја енергија да ја насочите кон венчаница. Прекрасна долга тоалета и вел можат исто така да бидат прекрасни. Ова е ваш ден и морате да се чувствувате одлично. Тоа не значи дека фустанот кој го барате мора да има етикета венчаница.

Одберете модерни чевли, но никако немојте да ги носите оние типични BRIDAL модели

Одберете удобни чевли. А доколку имате некои посебно омилени, можете да ги носите барем за фотографирање, но секако имајте еден пар во кој ќе можете да стоите и играте цел ден и цела ноќ.

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »