4 Хороскопски знаци кои ги чека хаос до крајот на месецот! - Македонија Денес

4 Хороскопски знаци кои ги чека хаос до крајот на месецот!

Опомена!!!

Овие четири хороскопски знаци ги очекуваат големи емотивни компликации до крајот на месецот.

Недоразбирања, незадоволство, љубомора, размислувања за раскинување на врската … Наместо да им цветаат рози во љубовта и да уживаат со партнерот, четири припадници на зодијакот во следниот период ќе бидат преокупирани токму со ова. Дознајте дали сте меѓу нив.

Опомена!!!

Јарец
Венера, планетата на љубовта која се наоѓа во знакот на Вага, ги доведува Јарците во напната љубовна состојба. Ова главно се однесува на зафатените Јарци, кои долго време на некој начин беа смирени и стабилни кога се емоциите во прашање. Сега имаат една недефинирана ситуација која треба сами да ја решат, додека партнерот ќе биде љубоморен повеќе од вообичаеното. Најверојатно ќе мора да се консултираат со некој во кого веруваат. Нивната работа ќе биде во втор план, што е многу чудно и невообичаено за Јарците, но таквата љубовна ситуација едноставно тоа од нив ќе го бара. Огромните промени во емотивните односи, исто така, може да доведат до прекини на врската или привремено оддалечување. Но, за било каков нов почеток, кога станува збор за емоциите, почекајте го крајот на месецот.

Близнаци
Кога станува збор за љубовта, кај Близнаците секогаш е комплицирано, бидејќи сè е добро за нив, кога ним лично им е добро. Близнаците се генерално познати по тоа што може да го искомплицираат животот за момент, па така и во љубовта, а оваа нивна способност ќе се рефлектира и во следниот месец. Близнаците сега ќе го повлечат свото мото “подвлекување на линија” кога станува збор за романтични врски, па дури и ќе направат список на животни работи кои ќе сакаат да ги сменат до крајот на месецот, а ова важи и за љубовниот дел. Зафатените Близнаци ќе бидат многу порелаксирани и ќе бидат во можност да се прилагодат на емотивно ниво, а слободните Близнаци ќе мораат многу повеќе да се прилагодуваат на другата страна, иако тоа нема тешко да им падне. Постои можност преку деловна страна, еден Јарец да им се додворува!

Овен
За Овните ова е многу комплициран период во љубовта, бидејќи Венера е сеуште во знакот на Вага, па многу нешта во љубовта за нив се нерешливи.
Многу од ситуациите кои сега се обидуваат да ги решат нема да го направат тоа најуспешно. За слободните припадници на овој знак ова е можност да расчистат некои збунувачки, нејасни ситуации со луѓе од минатото, додека зафатените Овни ќе треба да преиспитаат некои од своите постапки и ставови, до 15 ноември. Не им се пишува добро и кога станува збор за договорот со партнерот, бидејќи другата страна ќе побара повеќе. Овните ќе имаат впечаток дека другата страна постојано ги проверува, а ова особено се однесува на оние припадници кои неодамна влегле во брачните води. И Марс е во знакот на Вага, па моќта на Овните е многу ослабната, немаат животен елан ниту позитивна енергија, и се чувствуваат многу несигурно и нервозно, така што се можни сцени на љубомора и посесивност. Советот е овој месец Овните да не ја раскинуваат врската и да не поттикнуваат расправи без аргументи, и да го почекаат крајот на месецот за било какви емоционални одлуки.

Водолија
Венера, планетата на љубовта, на Водолиите им ги буди мислите да направат емотивен рез во смисла на раскинување на врската која речиси сега е започната. Оние Водолии кои се во долга врска или брак, можно е сега да дојде до некои нови моменти од страна на партнерот. Би било добро малку повеќе внимание да посветите на емоциите на другата страна, бидејќи партнерот веќе долго време се чувствува многу запоставено. До крајот на месецот, по иницијатива на Водолијата, можни се разговори за емотивниот однос на двата партнера. Знајте, дека ова не е време за враќање на било какво минато и за враќање на нешто што веќе се случило.

Опомена!!!

Поврзани вести

Опомена!!!
Translate »