3D импланти кои ќе ги заменат оштетувањата на коските(видео) - Македонија Денес

3D импланти кои ќе ги заменат оштетувањата на коските(видео)

Опомена!!!

Примарно за оваа иновација е дека е во фаза на истражување. Сепак се работи за импланти кои треба да се вградат како составен дел од човековиот организам кој знаеме дека и не така лесно ги прифаќа туѓите тела.

Согласно ова начело се работи со материјали кои во 90% биле прифатени од организмот. А се работи на полето на лекување на рак кај коските кој во одредена фаза се лекува но секогаш медицинскиот хируршки зафат завршува со отстранување на дел од коската.

Во одредени операции тоа е дел од коската без кој и може пациентот да продолжи со нормалниот живот но во чести случаеви се работи за делови од коската на витални места па пациентите да не добијат скршеници остануваат во инвалидски колички или цел живот се корисници на протетички помагала.

Според тимот иноватори кој во основа е составен од медицински научници се работи на можноста пост оперативно откако ќе се извади туморот на коската да се направи скенирање на отсечениот дел од коската по што истиот ќе се репродуцира со медицинска т.н. “пластика” која е можно да е топи при 3D принтањето па така соодветен пациент со соодветна специфична проблематика ќе добие уникатно надополнување кое ќе стане скоро составен дел од коскениот предел.

“Напредуваме споро но сигурно. Во медицината не треба брзање. Не сме во можност да ризикувме нечие здравје а општо познато е дека човечкиот организам е комплексен па она туѓо тело кое го прифатило еден организам знае да предизвика отфрлање од друг и тоа е процес кој е сериозно болен и може да предизвика други заболувања.

Во моментот работиме на комбинации на пластики кои се користени во медицината по така стигнавме до високите 90% организмот да го прифати имплантот.

Остануваат техникалии по што секако имаме таргетирано доброволци кои имаат поголеми проблеми поради отстранување на рак на коските па тие ќе ги добијат првите надградби.

Ако процентот и тогаш остане висок, тогаш не очекува долгата борба со бирократијата за дозвола ваквиот начин на надградба на коските со имплант да стане медицинска пракса.”

3D printed implants

These 3D printed custom implants could help patients with bone cancer.

Posted by INSIDER science on Freitag, 3. November 2017

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »