20 совети за среќни празници - Македонија Денес

20 совети за среќни празници

Опомена!!!

Уште неколку дена до новогодишните и божиќните празници, подготовките течат, шопинг, готвење, декорирање и се останато што празниците си го носат со себе.

Во продолжение ќе можете да прочитате неколку совети кои ќе ви помогнат како да ги поминете празниците со помалку стрес а вие да бидете расположени, среќни и релаксирани.

1.    Уште денес купете се што ви е потребно за готвење, декорирање. Kупувањето во последен час никогаш не е забавно.
2.    Исчистете го фрижидерот и направете место за празничните состојки
3.    Направете ги јадењата кои можат да стојат
4.    Супа можете да направите однапред и да ја замрзнете до употребата
5.    Варено вино и пунч можете да направите однапред, па потоа да го загреете
6.    Свесно држете го стресот на минимум. Не мора се да биде како што сте замислиле
7.    Немојте да дозволите подароците да ви бидат оптоварување
8.    Немојте да се грижите премногу околу парите и подароците. Сметајте на целта а на не цената.
9.    Ако постојано се жалите на  недостатокот на време за празничната сезона, оваа година пораснете и уживајте
10.  Наместо постојано да се жалите на храната која ви ја подготвиле, оваа година викнете ги сите кај вас ако сметате дека вашата храна е совршена
11.   Ако се плашите дека повиканите гости не се разбираат по одредени прашања, некои теми едноставно забранете ги на вашата забава
12.   Немојте да се прејадувате. Потрудете се повеќе време да зборувате наместо да јадете.
13.   Едноставното е секогаш подобра опција, и кај готвењето и кај декорирањето. Држете се до основните теми и немојте да ги комплицирате работите сами.
14.   Размислувајте за практични работи, не за желби кога се работи за вас самите и за другите. Направете буџет и држете се до него. Празниците брзо ќе поминат, немојте однапред да се ставате во минус и да ја расипете од старт следната година.
15.   Кога се во прашање подароците за децата, морате да знаете дека вредноста на подарокот најмалку се цени. Понекогаш најзабавен дел е да го отпакуваат подарокот.
16.    Кога сте вие во прашање, одложете ги празниците за купување, за некој ден ќе дојдат попустите.
17.    Звучи досадно, но направате попис и проверете дали имате се запишано. Новогодишното пазарување е опасно по паричникот, а пописот помага помалку да ве боли глава.
18.    Купете неколку екстра чоколади или бонбоњери во случај некому да сте заборавиле да му купите подарок.
19.    Немојте да очекувате чуда. Ако некои членови од семејството ве нервирале во текот на целата година, ќе ве нервираат и за време на празниците
20.    Избегнувајте теми за политика и оние кои предизвикуваат долготрајни расправи

Забава за цело семејство: Еве како да направите новогодишни украси од тестенини(фото)

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »