15 работи кои Меган Маркл нема да смее да ги прави по венчавката: Не би се менувале сите девојки со неа!(фото) - Македонија Денес

15 работи кои Меган Маркл нема да смее да ги прави по венчавката: Не би се менувале сите девојки со неа!(фото)

Опомена!!!

Животот на американската актерка Меган Маркл по венчавката, која е закажана за 19 мај оваа година, ќе се сврти наопаку. Кога и официјално ќе стане член на британското кралско семејство, од некои работи ќе мора засекогаш да се збогува.

Меган Маркл
1.Збогум на селфи

Меган Маркл

Иако до неодамна беше голем љубител на социјалните мрежи и често на нејзиниот профил споделувала разни приватни фотографии, последниве месеци Меган Маркл ги смени навиките. И самата за време на првото официјално излегување во јавноста со принцот Хари го нагласила ова кралско правило. Двојка од собраната публика тој ден во Нотингем ја замолиле за селфи, на што Меган јасно одговорила:„Не ни е дозволено да фотографираме селфи“.

2.Не смее да излегува во јавност потполно сама

Меган Маркл

Ниту еден член од кралското семејство никогаш не оди никаде без придружба или обезбедување. Такво правило наскоро ќе мора да го почитува и убавата Американка која досега сама извршувала мнозинство лични обврски.

3.Не смее да дава автограми

Меган Маркл

На членовите на кралското семејство не и ме дозволено да делат автограми на обожавателите поради стравот дека нивниот потпис би можел да се фалсификува или искористи против кралството. Иако како славна актерка досега навикнала да дели автограми, со самата свршувачка и тоа и станува недостапно.

4. Збогум и на социјалните мрежи

Меган Маркл

Токму како што тоа го прават принцот Вилијам, војвотката Кејт Мидлтони принцот Хари, исто така и Меган на социјалните мрежи ќе биде достапна само преку официјални профили на кралското семејство и тоа под називот Кенсингтонска палата, а на кои се објавуваат сите актуелности во врска со монархијата.

Меган Маркл

Јавноста токму преку нив дознала за нивната свршувачка, како и за датумот на венчавката.


5. Ништо од искажување емоции во јавноста

Меган Маркл

Припадниците на кралството во своите јавни ангажмани се речиси секогаш воздржани и никогаш нема да ги видите во интимни ситуации. Иако младиот принц Хари и неговата свршеница се доста поотворени од другите кралски двојки, од сега се поретко ќе ги гледаме во прегратки и разменување на нежности.

6. Не смее да гласа

Меган Маркл

Иако е Американка позната по нејзините остри ставови околу расни прашања поради непријатните искуства кои ги имала нејзината мајка во минатото (Меган инаку е ќерка на Афроамериканка и татко белец), кога еднаш ќе му каже „да“ на принцот Хари ќе мора да ги ублажи своите ставови. Имено, на членовите на кралското семејство не им е дозволено да се кандидираат за одредени политички функции, како ниту јавно да расправаат за било какви актуелни политички прашања, а исто така не смее да оди на гласање.

7. Не смее да носи оскудна и проѕирна облека

Меган Маркл

Иако на официјалните фотографии од свршувачката носела долг фустан со драматичен завршеток од тил и извезена со златни нити во облик на листови на проѕирна ткаенина од австралиската модна куќа Ralph & Russo, извесно е дека тоа е нејзиното последно појавување во вакво модно издание.

Меган Маркл

Освен тоа, не е вообичаено членка на кралското семејство да излегува во јавност без проѕирни хулахопки, што Меган исто така го прекршила на денот на објавувањето на свршувачката.

8. Не смее да носи ниту темен лак за нокти

Меган Маркл

Софистицираност и отменост секогаш ги красела принцезите и војвотките, а во таквите петите никако не се вклопуваат актуелните трендови како што се, на пример, интензивни и темни лакови за нокти. Кралицата и Кејт Мидлтон исто така веќе со години и се верни на истата нијанса на светло розов лак за нокти.

9. Чевли на полна пета не се пожелни

Меган Маркл

Ова правило наводно треба да се почитува само кога во близна е кралицата. „Кралицата Елизабете не е обожавател на палтформите. Навистина не ги сака и тоа го знаат сите членки на кралското семејство“, кажал извор близок до кралското семејство за Vanity Fair пред две години. Но кон тоа правило не се придружжува војвотката Кејт Мидлтон зошто просто ги обожува.

10. Не смее да го плази јазикот

Меган Маркл

Иако пред неколку недели на свечената прослава на Божиќ со кралското семејство во Сандрингам Меган Маркл со доза возбудување на еден од фановите му позирала плазејќи го јазикот, добро е познато дека таквото однесување се толерира само кај намалите членови на семејството кои се уште не се свесни за сопствените постапки.

11. Ништо од големи чанти

Меган Маркл

Како голема љубителка на модата, која некогаш водела lifestyle блог на кој делела модни совети на обожавателките, Меган со години менувала стилови. Некогаш во нејзиниот стајлинг се наоѓала и голема женска чанта, која е доста практична зошто во неа собира многу работи. Но, тоа со влегувањето со кралското семејство повеќе нема да и биде дозволено. Можно е дека ќе носи само рачни чанти кои се женствени и на секој аутфит му даваат доза на елеганција.

12. Не смее да оди на недела на модата

Меган Маркл

Оваа 36 – годишна актерка до сега била радо виден гостин на бројни модни ревии, но тоа за неа сега е завршено поглавје.

13. Не смее да седи каде и да посака

Меган Маркл

Редот на седењето во просторија или на маса при оброците во кралското семејство се почитува веќе со векови. Тој оди според редот за наследувањето на круната, што во случајот на Меган значи дека во мнозинство прилики ќе седи покрај својот иден сопруг Хари, но малку подалеку од деверот и јатрвата Вилијам и Кејт Мидлтон. Освен тоа, овој редослед се почитува и при влегувањето и излегувањето од просторијата.

14. Не смее да префрли нога преку нога додека седи

Меган Маркл

Секоја членка на кралското семејство е добро запознаена со ова правило, па сега на истото се учи и убавата Меган. Секоја пат кога ќе седне, нозете мора да ги закриви и спои, а не да ги префрла една преку друга затоа што во тој случај би можел да се надзира долната облека. Исто така, мора полека да го усвојува правилното влегување и излегување од автомобил за време на јавните протоколи. Голема помош во ова веројатно и дава јатрвата Кејт Мидлт која во тоа веќе е вистинска професионалка.

15. Не смее на спиење пред тоа да го стори кралицата

Ова правило се почитува само кога членовите на семејството спијат во иста куќа со кралицата Елизабета. Тогаш сите го чекаат нејзиното заминување на починка за да и самите с е упатат во нивните соби.

ВИП приказна: Ги обожува магијата и исламот, најдолго чека на престолот, ќе биде најстариот крал! Занимливости и кои не ги знаете за принцот Чарлс!

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »