10 чекори за да станете супер претприемач - Македонија Денес

10 чекори за да станете супер претприемач

Опомена!!!

Педро де Абреу на годишна основа споделува водич со нас за тоа како да се биде супер претприемач. Ако не успеавте во 2018 година, тогаш ова е вашата шанса да ја зграбите 2019  година за нејзините рогови…

  1. Бидете во можност да ја смените вашата ментална состојба по своја волја.

Многу е лесно да оставите вашите чувства и целокупното расположение да ја доминираат секоја ваша мисла и акција.Вие би можеле да се разбудите на дождлив ден и го оставите времето да биде одлучувачкиот фактор за тоа како ќе се чувствувате во следните дванаесет часа.Всушност, тоа е она што повеќето луѓе го прават – но сетете се, вие не сте повеќето луѓе. Вие сте некој кој превзел контрола над својот живот: вие сте претприемач. Вие треба да правите свесна одлука, секој ден, дека ќе имате супер ден.Никој не се грижи за тоа низ што поминувате.Никој не се грижи за ситните работи кои ви се здодевни.Ставете го прекинувачот на позитивност и ширете добра волја насекаде каде и да одите.

12

“Професионалец е лицето кое може да ја работи својата работа дури и кога тој/таа не се чувствува способен за таа работа. Аматер е лицето кое не може да ја заврши својата работа дури и кога тој/таа се чувствува дека може да ја заврши својата работа.” – Џејмс Aгате

  1. Будете се рано.

Ова е нешто што не треба ни да се споменува, но за жал не е така.Не можам ни да избројам колку пати познаници кои “биле дел од бизнисот” ми се јавиле во 12:00 часот велејќи дека тукушто се пробудиле.Тоа едноставно не работи.Не само што будењето рано ќе ви даде повеќе време за бизнисот, утрото е исто така најдоброто време од денот за да го привлечете вниманието на луѓето со кои сакате да стапите во бизнис.

360104-makedonskite-zheni-se-podobri-menadzheri-od-mazhite-ama-im-falat-pari-za-biznis

Учете од најдобрите: Џек Дорси е надвор од кревет веќе во 5:00 часот наутро. Тој медитира, прави утрински вежби, прави кафе, и се припрема за работа.Тој е во ситуација каде што води не една, туку две јавни компании.Гери Вејнерчак се буди во 6:00 часот наутро.Секоја минута се брои.Не биде еден од оние луѓе кои се будат доцна и не знаат зошто не можат да постигнат многу.

  1. Прво погрижете се за бизнисот.

Како претприемач, пред да се забавувате, ќе треба да се погрижите за бизнисот.Пред излегување за време на викендите, ќе треба да се погрижите за бизнисот.Никогаш немојте да бидете лицето кое секогаш остава работи за подоцна, за утре.Бидете лицето кое е определено кон своите работи, и е познато по завршување на своите задачи.Лице кое се грижи за бизнисот веднаш по влегување на работа.Не ја напуштајте куќата пред да завршите со продажните повици и квоти за тој ден.Знајте ги вашите приоритети.Притиснете се себеси кон подобро.

balance

Запомнете дека просечните луѓе ќе прават просечни работи, и ја ставаат забавата пред бизнисот.Идеално, ќе сакате да стигнете до точка каде што бизнисот е забава.

  1. Поделете со цел да се размножувате.

Делегацијата е името на играта.Сфатете дека не можете да направите сé сами.Вие ќе бидете во можност да го зголемите вашиот бизнис кога ќе почнете да ги делегирате одговорностите на другите.За таа цел, е многу важно да ги знаете вашите предности и да се фокусирате на нив.

kariera-pretpriemac

Ако сте лоши во менаџмент, нека некој друг го прави тоа за вас.Ако сте лоши во следење на одредени активности, оставете некој друг да ја заврши таа работа за вас.Во што и да сте лоши и немате искуство, вработете некој со соодветни вештини кој може да ја направи таа работа.

  1. Работете паметно и работете напорно.

Повеќе од кога било, ќе треба да работите паметни.Но, исто така, ќе треба да работите и напорно.Нема ништо лесно во отпочнување и раст на бизнис.Тоа одзема безброј часови и напори; потребни се телефонски повици; потребно е градење на значајни односи; потребни се продажби; потребно за интервјуирање; потребен е раст; потребно е студирање; потребна е стратегија; потребно е делегирање.Затоа ве молам не верувајте на луѓето кои ви кажуваат дека може да се живее од вашите пасивни приходи и да се ужива на плажа преку целиот ден.

kdjweijfoiweiofjioregjrt

  1. Бидете прекрасни сами по себе.Автентичноста е клучот.

Ако сакате автентични односи, мора да бидете автентични.Ако сакате автентична и позитивна реакција од страна на публиката која би го слушала вашиот говор, мора да бидете автентични и позитивни.Да се биде автентичен се исплаќа на далеку, затоа што луѓето се способни да намирисаат B.S. од километар надалеку.Не плашете се да бидете вие.

success1-640x330

  1. Бидете лидер.

Ако треба да ги потсетувате луѓето дека вие сте шеф, и дека вие сте оној кој ги донесува одкулите, тогаш веќе не сте успеале.Вие сте ништо друго освен еден менаџер.Еден лидер никогаш не треба да ги потсетува другите за својата титула.Еден лидер работи преку влијание.Управувањето е признание што ги добивате од самиот почеток, додека лидерство е одобрување што го добивате од оние кои се под вас.

Најдобар начин да се мотивираат вработените е со тоа што сте голем лидер за нив.Истакнете ги, давајте им пофалби, насмевки, комуницирајте добро, имајте високи стандарди и се создадете една култура каде што е безбедно да се падне и обиде со нови работи.

pamcenje-informacija-450x299

  1. Знајте дека нема да ги задоволите сите.

Кога ќе застанете за она што верувате, кога ќе се ставите себе си “надвор” и почнете да одите кон она што го сакате, некои луѓе ненамерно ќе престанат да ве сакаат. Вистината е, на тие луѓе вие никогаш не сте им се допаѓале.Или можеби тие само ви отпишале како “личност која нема да прави проблеми”.Но, во моментот кога ќе започете да правите нешто што тие немаат храброст да го направит, почуваат да паничат.Таа паника води кон “не ми се допаѓа таа личност”.Не дозволувајте тоа да дојде до вас.Не давајте никакво значење на тоа.Тоа е совршено нормална реакција, и тоа се случува на сите нивоа.

Business team standing over a white background with a young entrepreneur standing out from the crowd in front

Business team standing over a white background with a young entrepreneur standing out from the crowd in front

  1. Во се заблагодарувајте се.

Само фактот дека се будите секој ден е нешто за кое треба да се биде благодарен.Да се биде благодарен не само што ќе ви овозможи да работите подобро, но тоа исто така може да имаат долготрајни ефекти врз вашето здравје.”Тоа може да го намали крвниот притисок, да ја подобри функцијата на имунолошкиот систем и да го олесни вашиот сон”, вели Роберт Емонс, професор по психологија на универзитетот Дејвис.Луѓето кои се благодарни испуштаат поинаква атмосфера и енергија кон која сите ние сме привлечени.

effective-management-600x402

  1. Ако не се промените, 2016 година ќе биде иста како и 2015 година.

Без разлика колку се добри вашите намери, вашата 2016 година ќе биде иста како 2015 година, ако не направите напор тоа да се промени.Земете добар поглед кон вашите дневни навики, во вашите односи, и безмилосно променете нешто што не се вклопува во парадигмата на успех и достигнување. Според зборовите на Џим Rhon “промената започнува со избор.”
*Превземено од Virgin.com

 

Опомена!!!

Поврзани вести

Translate »