Три неверојатно вкусни состојки за подобра врска! - Македонија денес

Три неверојатно вкусни состојки за подобра врска!

Водењето љубов овој пат не е на списокот, а на овие три состојки често не им придаваме големо значење а истите секоја врска ќе ја направат постабилна, поопуштена и посреќна…

Комплименти
Не од оние ефтините комплименти ние мислиме на комплименти со кои можете да покажете колку личноста до вас ви значи и колку ви е важна во вашиот живот. Жените ги обожаваат, но често забораваме дека истите ги сакаат и мажите. Комплиментите во врска за нешто што мажот го направил за вас ќе го подобри неговото расположение и неговото его, а токму ваквите комблименти хронично недостигаат.

Извинување
Најтешко е да се каже извини, но токму овој збор може да ја спаси вашата врска од пропаст. Понекогаш е добро да се употреби и кога не сте за нешто виновни, само за мир во куќа. Работата е многу едноставна – луѓето кои имаат способност да признаат дека се виновни едноставно подобро функционираат во пар од оние кои мислат дека секогаш се во право.

Благодарност
Уште една работа која често се заборава, посебно во долгите врски. Ако на партнерот не му дадеме до знаење дека сме благодарни за она што го прави, па колку и тие нешта да се мали, со време ќе добие чувство дека не го цениме, што ја отвара вратата на големи кавги.

Поврзани вести

Translate »