недела, 22 јануари 2017
мкденес / Спорт / Ракомет / СП 2017 – Сите за Македонија,одиме на победа против должникот Тунис!
Ви благодариме!
македонија

СП 2017 – Сите за Македонија,одиме на победа против должникот Тунис!

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го има својот прв настап на 25. Светското првенство што се одржува во Франција.

македонија

Избраниците на селекторот Лино Червар за противник ќе го имаат стариот должник Тунис.

Дуелот започнува во 17:45 часот и ќе се игра во Мец каде ќе се одржуваат сите натпревари од Б групата.

На другите две средби од 1.коло во оваа група се среќаваат:

Словенија – Ангола (14:00 часот) и
Шпанија – Исланд (20:45 часот).

Покрај натпревари од Б групата, денеска во Нант ќе се одиграат и преостанатите два дуела од А групата. Двојките се:

Русија – Јапонија (17:45 часот) и
Полска – Норвешка (20:45 часот).

На првиот меч од оваа група со кој беше отворен Мундијалот, домаќинот Франција убедливо го победи Бразил со 31:16.

Може да ве интересира

облак

Бомба на островот – Словенец од 100 милиони евра ги решава проблемите на Гвардиола!

Со превземањето на улогата менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола реши да направи некои радикални …

Translate »