недела, 22 јануари 2017
мкденес / ЕУ Фондови / Бизнис ангели и инвеститори / Научете повеќе за бизнис ангели – Како можам да ја презентирам идејата кон бизнис ангелите?
Ви благодариме!
Бизнис ангели

Научете повеќе за бизнис ангели – Како можам да ја презентирам идејата кон бизнис ангелите?

Најчесто поставувани прашања и одговори за бизнис ангели

Информативен водич – Дел 8

Како можам да ја презентирам идејата кон бизнис ангелите?

Бизнис ангелите се зафатени луѓе и вашата презентација мора да биде кратка и специфична. Неопходно е да подготвите неколку верзии на презентации зависно колку време ќе имате со бизнис ангелот. Една презентација е elevator pitch, односно кратка презентација која трае околу 3 минути и таа може вербално да се пренесе. Важно е во овие 3 минути бизнис ангелот да добие претстава за вашата фирма, колкав е потенцијалниот пазар, и колку би била профитабилноста на производот или услугата кога би се пласирала на пазарот.

Другата презентација е подолга и може да биде од 5 до 20 минути во дигитален формат. Успешните презентации се засноваат на приказни и слики. Доколку презентацијата има само податоци, слушателите помнат 10% од информациите, а доколку истата е визуелна тогаш помнат над 60% од презентацијата.

Исто така важно е да ја истакнете излезната стратегија во која јасно е опишано како ангел инвеститориот ќе може да си ги поврати средствата кои ги вложил/а.

Какви информации им се потребни на бизнис ангелите за да донесат одлука за инвестирање? Како бизнис ангел утврдува дали некој старт ап треба да добие инестиција или не?

Бизнис ангелите очекуваат повеќе информации од претприемачот, меѓу кои се информации со врска со:

  • Тимот: Дали тимот ја има потребната експертиза и искуство со цел да ја имплементира идејата? Дали членовите се мотивирани, односно заинтересирани за имплементација на идејата? Дали се согласуваат меѓусебено?
  • Производот или услуга: Кој е производот или услугата? Дали веќе постои прототип? Дали веќе производот или услугата се валидирани на пазарот (дали имало продажба)?
  • Цена на производство: Која е цената на производство? Дали може сериски да се произведе?
  • Продажна цена / маржа на профит: Колкав е профитот по еден продаден производ/услуга?
  • Големина на потенцијалниот пазар: Колкава е потенцијалната големина на пазарот? Дали има можност за проширување со странски пазари? Дали веќе има некои клиенти?
  • Удел во фирмата: Колкав удел во фирмата очекува да даде претприемачот?
  • Стратегија на излез: Каква е стратегијата за излез од фирмата?

Зошто мора бизнис ангелот да земе удел во фирмата ако ништо не допринел во развојот на идејата?

Бизнис ангелот вложува капитал во момент кога на претприемачот истиот му е неопходен а неможе да изнајде финансии од други извори. Бизнис ангелот не само што го вложува својот капитал, туку тој/таа ги споделува своите искуства, мрежи и воедно е и ментор на претприемачот. Со оглед на влогот што бизнис ангелот го прави со цел да го прошири бизнисот, да го поддучи претприемачот (или тимот на претприемачи) и ризикот што го презема (доколку бизнис подгивот не успее), бизнис ангелот бара удел во фирмата со цел да може да си ги поврати инвестираните средства после неколку години, доколку бизнис инвестицијата е успешна.

Translate »