недела, 22 јануари 2017
мкденес / Иновации / Технолошки иновации / Контраверзна одлука: Една од најбогатите земји во светот засекогаш го гаси FM Радиото!
Ви благодариме!

Контраверзна одлука: Една од најбогатите земји во светот засекогаш го гаси FM Радиото!

Норвешка ќе стане првата земја во светот каде FM мрежата ќе биде потполно изгасена. Оваа непопуларна одлука измислена поради модернизација, односно во преминување на модерна дигитална технологија на безжичен пренос на звук, ќе стартува од денеска 11 јануари со исклучување на мрежата во градот Бодо, но до крајот на годината радио мрежите треба да бидат исклучени во целата земја.

Критичарите на контраверзната одлука како главен аргумент наведуваат дека граѓаните ќе останат изолирани и истото ќе оневозможи голем број граѓани да го следат преносот на итни информации преку радио. Исто така, се напоменува дека FM радио приемници се вградени во два милиони автомобили кои се во сопственост на норвешки граѓани.

Застапниците на преминот кон дигитална технологија истакнуваат дека на тој начин ќе заштедат пари и ќе им биде овозможено на локалните радио сервиси поголеми инвестиции во самиот радиски програм. Дигиталното радио сигурно ќе ја поттикне конкурентноста на пазарот и ќе обезбеди нови можности за иновации и развој.

На преоѓањето на дигиталното радио се противат 66% од Норвежаните, 17% се за, а останатите се неопределени според неодамнешната анкета на дневникот Dagbladet. Независно од тоа, парламентот минатиот месец даде зелено светло за преминување на дигитална мрежа.

Уште неколку земји во Европа ја разгледуваат можноста за преминување на дигитална мрежа а меѓу нив се Швајцарија, Данска и Велика Британија.

Може да ве интересира

мебел

Паметни телефони, телевизори, но дали сте слушнале за паметен мебел? Него секој би го посакал во својот дом (видео)

Доколку ви се потребни идеи за уредување на станот, а притоа сакате нешто невообичаено или …

Translate »