недела, 22 јануари 2017
мкденес / Бизнис вести / Свет / Кој ќе профитира од средбата која ја остварија Доналд Трамп и основачот на Алибаба, Џек Ма во Њујорк?(видео)
Ви благодариме!
Доналд Трамп

Кој ќе профитира од средбата која ја остварија Доналд Трамп и основачот на Алибаба, Џек Ма во Њујорк?(видео)

Избраниот претседател на САД Доналд Трамп разговарал во Њујорк со кинескиот милијардер и основач на Алибаба , Џек Ма за заеднички проекти и отворање на нови милион работни места во Америка.

Џек Ма, основач и претседател на Алибаба Груп, се сретнал со идниот претседател на САД Доналд Трамп во Трам Тауер во понеделник. По состанокот, Ма и Трамп за кратко се сретнале со новинарите и изјавиле дека дискутирале за планови за создавање на 1 милион работни места во САД, дозволувајќи им на малите и средните бизниси да продаваат во Кина преку платформите на компанијата на Ма.

„Алибаба сака да создаде работни места во САД, помагајќи им на малите бизниси и на фармерите во САД да ги продаваат своите производи на кинеската средна класа, пазар од 300 милиони“, се вели во твит на Алибаба.

„Имавме одличен состанок“, им кажал Трамп на новинарите,, опишувајќи го Ма како „голем, голем претприемач, еден од најдобрите во светот.“

„Тој ја сака оваа земја“, изјавил Трамп“, „и ја сака и Кина.“

Ма на новинарите им изјавил дека со Трамп разговарале да се овозможи американски производи како облека, вино и овошје да бидат продавани преку неговата платформа. Покрај тоа, Ма изјавил дека во текот на дискусијата станало збор и за потребата Кина и САД да ги поправат взаемните односи.

Може да ве интересира

iPhone

Дел од парите на секој продаден iPhone 6 оди и кај компанијата Sony

Новиот iPhone 6 не носи пари само на креаторот Apple. Според Wall Street Journal дел …

Translate »