недела, 22 јануари 2017
мкденес / Lifestyle / Fashion & Design / Изглед кој го сакаме и кој не топли -Најубавите плетени џемпери за оваа зима(фото)
Ви благодариме!

Изглед кој го сакаме и кој не топли -Најубавите плетени џемпери за оваа зима(фото)

Плетените облеки веќе подолг период се еден од најпостојаните трендови. Џемпери, ролки, здолништа, капи и шалови можат да бидат само мал дел од целокупната колекција на плетива. Во текот на зимата најмногу сакаме топли џемпери и најчесто нив ги носиме. Тие се едноставни за комбинирање и неизбежни.

Јануари, февруари и март се ветровити и студени месеци во годината, така што сигурно ќе ви се исплати да инвестирате во што подебело плетиво. Без оглед дали сакате големи и едноставни џемпери или плетени ролки, понудата оваа година на модните брендови е голема и има за сечиј вкус.

Наша препорака е да купувате едноставни и класични џемпери, без многу фенси додатоци. На овој начин ќе обезбедите долготрајност и ќе ги носите и наредните сезони.

1 2 3 4 5 6 7 8 9

Може да ве интересира

Модерна и практична: Ова ретко кој го забележи, но сите зимски капи на познатите го имаат ИСТИОТ детаљ(фото)

Познатите ѕвезди ја искористија можноста во овие студени денови да не излегуваат без овој интересен …

Translate »